ГРУЕВСКИ од Кратово: Ќе се отвори и нов рудник кој ќе вработи над 300 луѓе

Сподели

gruevski

Никола Груевски од Кратово порача:

-Во Македонија ќе се отворат нови 70.000 работни места, ќе продолжи проектот „Купи куќа, купи стан“, имаме и нов проект за купување на куќи од страна на лица не постари од 36 години.

– Овде во Кратово се направија многу работи, а ќе се направат и многу други во иднина. Ќе се отвори и нов рудник кој ќе вработи над 300 луѓе, значајна за градот е и изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка во должина од 26 километри, во износ од 78 милиони евра, а предвидена и е изградба на втората фаза на хидро системот Злетовица – рече Груевски денеска во Кратово.