Груевски ослободен од “ТРАЕКТОРИЈА” – случајот застарен

Сподели

 

Кривичниот суд донесе решение и ја запре постапката против Никола Груевски, за случајот „Траекторија“, поради застареност на случаот.

Неговиот адвокат, поставен по службена должност, го побарал ова поради апсолутно застарување на делото поради фактот што за разлика од останатите обвинети, Груевски беше обвинет со обвинителен предлог за казна од 1-3 години за примање награда за противзаконито влијание.

Сега од државниот буџет, Судот треба да ги плати трошоците за постапката во делот за Никола Груевски, ангажираните адвокати досега, како и за адвокатот ангажиран по службена должност.