Груевски: Подготвуваме голема реформа за судството, медиумите и администрацијата

Сподели

nikola-gruevski-860x640-860x640-860x640

Во повеќе области, тргнувајќи од судство, медиуми, администрација, безбедност институциите со сите капацитети работат да ги подготват првите чекори, драфтови и се она што е потребно за да се почне еден процес на исполнување на барањето на извештајот на Европската Унија или наречен Извештајот на Прибе, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање.

Тој потенцираше дека ќе бидат вклучени сите оние кои можат и треба да бидат инволвирани во разгледувањето на овие проекти.

– Ќе има еден процес на инклузивност на опозицијата доколку таа тоа го сака, да може да биде вклучена да даде свое мислење, да има дијалог, дебата. Институциите се во длабока фаза на подготовка на поголем број законски измени, одлуки, мерки, чекори кои треба да се направат – заклучи Груевски.

Груевски: Подготвуваме голема реформа за судството, медиумите и администрацијата