Новата холандска влада, на чело со премиерот Марк Руте, денеска положи заклетва пред кралот Вилем – Александар, со што беше ставен крај на најдолгите коалициски преговори во историјата на земјата.
Ова е трет кабинет на Руте, кој првпат дојде на власт во 2010 година. Новата власт ќе има мнозинство од само едно место во двата дома на парламентот. Ова значи дека несогласувањето на само еден пратеник може да ги загрози плановите на коалицијата.
Преговорите за формирање владејачко мнозинство траеа 225 дена, а партиите разговараа за чувствителни прашања, почнувајќи од имиграцијата, па се до евтаназија и корпоративните даночни стапки.
Според деталниот владин договор, ќе има големо намалување на даноците за компаниите и за работниците. Ова ќе ја зголеми куповната моќ на потрошувачите и ќе ја направи петтата економија на еврозоната поатрактивна дестинација за странските инвеститори.
Коалицијата ја сочинуваат централно десничарска Народната партија за слобода и демократија на Руте, центристичката Демократи-66, конзервативниот Христијанско-демократскиот повик и Христијанската унија. Ова е вртење кон десно во споредба со претходната на Народната партија за слобода и демократија и централната левичарска Партија на трудот.
Поранешниот министер за финансии на Холандија и претседателот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум, нема да биде дел од новиот кабинет. Тој ќе биде заменет со 42-годишниот христијански демократ Вопке Хукстра.
Министерството за надворешни работи ќе го преземе поранешниот лидер на Народната партија за слобода и демократија, Халбе Зијлстра.