ХОРОСКОП за ноември 2019 година

Сподели

 

Ноември е месец на промени. Планетите ќе го менуваат движењето од ретроградно во директно и обратно, носејќи бранови на промени, шанси за нови почетоци, но и воскреснување на минатото во сегашноста.

Јупитер, планетата на среќата и богатството, на 8 ноември ќе влезе во оптимистичкиот стрелец, каде ќе остане до декември следната година. Среќата е на наша страна! Време е за порешително ризикување за поголеми добивки.

Во првата половина од месецов, Венера, планетата на љубовта, ќе се движи ретроградно. До 16 ноември ќе зачестат расправиите за стари љубовни проблеми или за бивши партнери. Зголемена е веројатноста и за обновување на романси со поранешни љубови. Во втората половина на ноември, Венера ќе се движи директно во мирољубивата вага, па хармонијата повторно ќе зацарува во љубовните односи.

Најсреќен ден за сите знаци е 26 ноември, кога ќе се случи космичка средба на Сонцето и Јупитер во стрелец. Исполнети со оптимизам ќе ги зграпчиме сите убави моменти и случувања кои таа средба ќе ни ги подари.

Во текот на ноември, ШКОРПИИТЕ и СТРЕЛЦИТЕ ќе бидат најмногу наградени од небесните тела.