Државниот секретар за демографија во Министерството за демографија, семејство, млади и социјална политика на Хрватска, Марин Стрмота вчера среде прес конференција си поднесе оставка нарекувајќи ги владините мерки за демографска политика „фолклор“ и „несериозни“.
– Ова е еден голем фолклор. По година и четири месеци во владата, како демограф и млад човек, мислам дека ова не е доволно сериозно и затоа денес поднесувам оставка на местото државен секретар, рече Стрмота.
Тој оцени дека државата изумира и додаде дека ова е најлоша ситуација во историјата на Хрватска.
– Како млад човек, граѓанин на Хрватска, татко на две деца, сопруг на невработена сопруга, невработени родители, не врувам дека нешто ќе се реши со ваков пристап, изјави Стрмота заблагодарувајќи се на новинарите.
Тој оставката ја поднесе пред министеркатата Мурганиќ, која изненадена за поднесената оставка искоментира дека тој е нетрпелив, млад човек.
https://youtu.be/SSRrr6CuuhI