Невладината организација Банка за храна започнува со хуманитарна акција, за помош на волонтерите и дежурните екипи што се вклучени во секојдневните акции за смирување на пожарите на цела територија на државата, како и поддршка за жителите од загрозените подрачја.
Сите заинтересирани граѓани и општествено одговорни компании што сакаат да се вклучат во хуманитарната акција, може да ги остават своите донации во Општина Центар, секој работен ден од 8:00 до 15:00 часот или да се јават на телефонскиот број за контакт 076 313 383. Досега, Банката за храна во соработка со Општина Центар има обезбедено пакети со вода и прехранбени производи со поддршка од општествено одговорни компании и хумани граѓани.
Апелираме до сите граѓани и компании да се вклучат во хуманитарната акција која започнува во понеделник на 9.8.2021 година и заеднички да помогнеме за полесно справување со алармантната ситуација на територијата на Република Северна Македонија.