Хуманитарна акција на МОДОМ, се донираше облека за најранливите категории граѓани

Сподели

Во време на економска криза и во пресрет на најавената тешка зима, МОДОМ организираше хуманитарна акција во која се собираше облека за повеќе возрасни групи – машка, женска и детска, бидејќи се поголем број граѓани живеат на работ на егзистенцијата.

“Оваа акција е повеќе од потребна”, истакна претседателот на МОДОМ, Александар Пандиловски, додавајќи дека “донацијата ќе заврши онаму каде што е најпотребна.”

Донации освен во Штип се собраа во Скопје, Куманово и Тетово и истите беа предадени во Црвениот крст за граѓаните од Истокот.

Следната хуманитарна акција е планиранадо крајот на октомври.