И Тодоров исклучен од ВМРО-ДПМНЕ

Сподели

Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош,  без расправа, го исклучи од партијата поранешниот висок функционер, Никола Тодоров. Решението доаѓа по едногласната одлука на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поранешниот министер за здравство Тодоров, бараше да биде повикан и сослушан од дисциплинска комисија во партијата но тоа не се случи. Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ  во скопските општини Центар и Карпош во само еден ден ги организираа процедурите потребни за исклучување од партијата на Сашо Мијалков и Никола Тодоров. И ексдиректорот на управата за безбедност и контраразузнавање воопшто не бил повикан да се брани.