И по 7 години од убиството кај Смилковско езеро виновниците не се осудени

Сподели

На денешен ден, пред седум години, на Велики четврток, 2012 година, на брегот на Смилковското езеро кај Скопје беа убиени четири момчиња и еден повозрасен маж додека ловеле риба во езерото.

За петкратното убиство беше отворен предметот со кодно име –  „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

За Судот сѐ уште се недостапни Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници. Од Министерството за правда чекаат одговор на барањето за нивна екстрадиција од Косово.

Случајот сѐ уште се наоѓа во доказна постапка.