И СДСМ, ДПА и ДУИ ги доставија до ДИК листите со кандидати за пратеници

Сподели

12674657_10207029686253798_170120592_n-860x680

Опозициската коалиција предводена од СДСМ, владејачката албанска партија ДУИ и албанската опозициска партија ДПА вечерва околу 22 часот до Државната изборна комисија ги доставија листите со кандидати за пратеници во шесте изборни едници за предвремените парламентарни избори на 11 декември.

– Toa e листа на кандидати која што е победничка, усогласена со граѓаните на Република Македонија и која што е одобрена од највисоките партиски тела на Коалицијата, изјави Стевица Јосифовски, претседател на Правниот сектор на СДСМ.

Во првата изборна единица, носител на листата на коалицијата предводена од СДСМ ќе биде Стево Пендаровски, додека Оливер Спасовски во втората ИЕ. Во третата ИЕ носител е Љупчо Николовски, додека во четвртата претседателот на СДСМ, Зоран Заев, Радмила Шеќеринска е носителка на листата во петката, додека Петре Шилегов во во шестата.

Претходно, Партијата Левица, при доставувањето на листите соопшти дека ќе се бори во пет изборни единици.

– Првпат една автентична левичарска партија која се гради од долу нагоре успеа да се кандидира самостојно на избори – изјави Здравко Савевски од Левица по поднесувањето на листите.
Во првата изборна единица носител е Димитар Аспатиев е носител на листата во првата изборна единица, Трајче Стојанов во втората, Марија Џонс во третата, Митко Николов во четвртата, а Здравко Савевски во петата ИЕ.

Претходно до ДИК листи поднесоа Коалицијата за промени и правда, ЛП и ПДП.

http://мета.мк