Игор Стефановски: Толку природно си седна таму, како да бил отсекогаш. Знам дека е на неговото место

Сподели

 

“Не се се бевме виделе скоро три години, но ете неколку часа откако ја поставија клупата конечно го видов.
 
Не можам да ви опишам како е тоа да се седи до бронзена фигура на татко ви – и тоа он, во сите размери. Едно е да правиш муабети со него во глава или гледајќи кон небото, ама друго си е вака, нели?
Горчливо-слатки моменти.
 
Сепак, после третата, бавно и уз-муабет испиена ракија, се помирив со тоа чудно чувство и осетив колку сум благодарен што имам(е) ваква шанса нашата енергија/љубов кон него да ја усредоточиме на едно физичко место.
 
Толку природно си седна таму, како да бил отсекогаш, (а и беше, и ќе биде, здравје!), што и на мене многу ми олесна. Знам дека е на неговото место.
 
Огромна благодарност до мајка ми, која еден ден едноставно реши да најде и плати вајар да ја претвори идејата во макета; сите кои донираа на интернет кампањата; Општина Центар и Македонски Телеком за нивните донации за лиењето на спомен-обележјето и транспортот до Скопје; и сите оние кои помогнаа на свои начини од почеток до крај; а и сите вас кои со толку позитивен и убав бран го дочекавте.
 
Вечер наздравувам за сите вас, заедно со Горан.
Срдечно, Игор.”
 
ФБ статус, Игор Стефановски