Иницијативата на Тодор Петров за нов референдум по трет пат отфрлена

Сподели

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска расправаше и едногласно одлучи да ја отфли иницијативата за собирање најмалку 150.000 избирачи за распишување дополнителен референдум поднесена од Тодор Петров.

Со Граѓанската иницијатива поткпрепена со потписи од 157 граѓани се бараше распишување референдум на кој граѓаните со „за“ или „против“ треба да одговорат на прашањето „Дали сте за промена на името на државата Македонија во држава Северна Македонија“.

Иницијативата се отфрла како неуредна бидејќи референдумското прашање не е во согласност со името на државата, не е во согласност со Законот за референдум што не дозволува повторен референдум за исто референдумско прашање пред истекот на рокот од две години од претходно одржаниот референдум и затоа што Собранието на седницата на 30 јануари 2019 година веќе донесе одлука за истата граѓанската иницијатива дека не е уредна и гласало за нејзино отфрлање – изјави претседателот на комисијата Чедомир Саздовски .

Ова е трет пат Тодоро Петров да достави иста иницијатива до Собранието.