Драган Маца Маринковиќ е актер, режисер, телевизиски водител и учесник во реалити шоуа. Глуми во голем број филмови, серии и претстави. Препознатлив е по својот уникатен изглед, сараевски шмек, оригинална смисла за хумор и посебно по својата брутална искреност.
Во моментов Маца е активен со својата претстава “Каква ти е жената, таков ти е животот”, со која гостува низ цела бивша Југославија, каде ги полни салите на отворено и е воодушевувачки прифатен.
На фестивалот на Балканска независна театарска сцена во Скопје, Маца ја доби наградата за извонредно актерско остварување.
ДЕНЕС: Маца, твоето последно хумористично ремек дело “Каква ти е жената, таков ти е животот” со полна пареа ита да ги сруши сите рекорди на гледаност, особено сега во време на пандемијата. Колку си ти задоволен и дали очекуваше вакво добредојде во сите градови низ екс ЈУ?
МАЦА: Благодарам за констатацијата – ремек дело. Јас не знам да ја разочарам публиката. Се распродаваат билетите, луѓето доаѓаат на мојата премиера, а тие воопшто и не знаат за што се работи, затоа што ми веруваат. Немам добиено негативна критика. Јас не сум џукела, јас ја почитувам публиката, купениот билет, така да после мојата претстава публиката не може да излезе разочарана и да се почувствува измамена. Добредојдето е секаде исто, особено што зборуваме со ист јазик, слушаме исти песни и публиката се смее со исто лице. Така да јас не се чувствувам како странец во кој и да било град во бившата ЈУ.
ДЕНЕС: Тие што те познаваат, за тебе велат дека немаш влакна на јазикот. Ја кажуваш твојата вистина директно како аперкат. Или ти или тие. Колку твојот карактер ти помогнал или одмогнал во кариерата имајќи во предвид дека си супер интелигентен и си бил најдобар студент на генерацијата?
МАЦА: Да, болно сум директен и тоа е вистина. Мислам дека е битна вистината. Ако ги лажам другите тогаш се лажам првенствено сам себеси. Тоа е како да застанам пред огледало и да се плукнам себе. Моето животно мото е: можеш да ме сакаш, можеш да ме мразиш, но не можеш да ме игнорираш. Така да низ тие глупости низ кои поминуваме, мислам дека се решаваат само на тој начин. Без целофан. Да, мислам дека мојот карактер ми помогнал. И не мислам дека мојот “ректален алпинизам” ќе допринесеше за подобар квалитет на мојот живот, отколку што сега е. Да бидам шиш-миш или понижуван, и да ги лечам комплексите на разноразни “болесници” кои суштински се недокажани? Немам потреба од таков просперитет. Знаете, со секој кој е докажан и лесен човек можеш да се разбереш и немаш проблеми со нив.
ДЕНЕС: Која твоја одиграна ролја од сегашна гледна точка за тебе е најдобро одглумена?
МАЦА: Јас имам преку 60 премиери. Не знам, сеуште се развивам, размислувам. Дојден сум до нивото да можам да бирам улоги во филм, серија, што ќе играм, режирам. Тоа е и смислата. Кога бев млад и за време на студиите имав по 24 претстави месечно, во една хиперпродукција, не знаев каде попрво да стигнам. Играв и со колеги од цел свет. Но добро, тоа е потребно и со тоа се стекнува искуство, за потоа да можеш да се почастиш со театар, добра улога. Убаво е човек да си се почасти, во тоа е и смислата. Ова трчање сега од проект во проект, покажува дека ниту си креативен ниту финансиски задоволен. Тоа сигурно не е добро, затоа што подоцна влегуваш во клише. Мислам дека сега е подобро, да бидеш слободен стрелец. На сите нам што се занимаваме со оваа и слична професија ни фали време поминато со семејството.
ДЕНЕС: Пријателите сам ги бираш и сам ги шутираш од твојата комфорна зона. Имаш ли рамо за плачење иако секогаш си насмеан?
МАЦА: Баш ме насмеа. Не сум слепец заради она ха ха хи хи, за кој некои луѓе така мислат. Маца е ТВ бренд за шоу бизнис. Мислат дека се дружам со звездите на Гранд, дека не плаќам сметки. Да, бирам пријатели и имам рамо за плачење. Тоа е и терапија која е потребна во овој турбулентен свет. Да имаш свој внатрешен свет во кој треба да створиш своја микро-клима.
ДЕНЕС: За политика не сакаш да зборуваш, но ако те прашаат не остануваш рамнодушен. Не си комуњар и титовист, туку си Југовиќ. Те нервираат необразовани и неначитани луѓе. Каков спој ќе направиш меѓу сите овие квалификации?
МАЦА: Па не знам.. Да не цитирам, има предобри реплики поврзани за политиката. Што знам, не можеш да бидеш аполитичен затоа што тие и такви носат секакви закони, сакал ти или не…Имам свој став, за кој немам пардон, ама тоа е све благодарејќи на оние неписмените. Тоа е ситна стока, со заби и беззби и заради нив сме колатерална штета. Затоа сме тука каде што сме, на маргините. Ние во 21 век за сѐ кривиме некој друг или другата националност, за нашиот празен фрижидер, (Јеботе отац сељачки). Еве ви пушка, поле и убијте се, да можеме ние да продолжиме понатаму, ј*бо рат матер и на тие тешки теми.
ДЕНЕС: Секогаш кажуваш дека само работата го прави човекот и дека секој сам се бори за своето место. Морам да кажам дека најдобра квалификација имаш дадено, кога се работи за луѓе кои се гребат од политика и ги имаш наречено “ректални алпинисти”. Ги има ли во твојата професионална бранша?
МАЦА: Секаде ги има, понижувачки е тој ректален алпинизам, кој кај нас го има насекаде. Зависи од карактерот, од воспитувањето и образованието, до мозокот. Не треба со глава, туку треба со главата кроз ѕид. Има кај нас во Сараево одличен опис за нив, Пресоблекување. Го облакаш сељакот и тој мисли дека ќе го…, и ќе ја одиграш улогата. Шекспир кроз Хамлет рекол: Биди спремен на све и на секаков предизвик, така да поминуваш низ барикади, но пасаран. Треба да бидеш намачкан за да се пресоблакаш, ама и да бидеш човек, а не џукела кон другите а првенствено кон себе. Не треба да си макијавелиста, сите треба да имаме своја цел и да идеме кон неа. Макијавелизмот не е добар, но пробуваш да се пробиеш до него. Секогаш велам дека не е мангуплук да истрчаш 100 метри. Мангуплук е да истрчаш маратон. Во било која смисла: во пријателството, во љубовта и во животот, е тоа е мангуплук. Овие другиве трчаат околу тебе како будали и свират на 100 метри… ма, каков мангуплук.
ДЕНЕС: Љубовта за тебе е се двигател, енергија, живот, воздух. За македонската публика можеш ли да издвоиш една твоја поента како порака?
МАЦА: Љубовта не е покер па да можеме да ја земеме на плахат. Станавме саможивници, себични, а потоа се чудиме како не можеме да живееме во пар. Секогаш постои дел од микрокосмосот кој можеме да го поправиме, а тоа сме ние самите. Во космосот постои само една боја, а тоа е бојата на љубовта.
ДЕНЕС: За крај, што ќе правиме со твојата харизматичност и непрестано итање по професионалните сцени? Се уморуваш ли некогаш?
МАЦА: Па се уморувам.Животот е едноставен, леснотија. Не е некое брзање тоа е све супер. Брзам јас, ама брзам затоа што некој ми ставил граница, не знае што сака од мене или од било кој од нас. Не разбирам, је*оте Европа ги тргна границите, а кај нас на 100 км граница, некој брко нервозен ко пеперутка и те гледа па нешто све ти бара. Ма пушти ме пичку материну, пушти ме бре, кого вие фолирате? Поминуваат шлепери, а ти мене ме малтретираш. Имаш документ, каде одиш?! Тоа се животни препреки, “ничим изазваним” кои ги создаваат луѓето, а кој друг? Животните немаат препреки. Луѓето со својата нахалност и глупост ме уморуваат. Но, сето тоа јас го акумилирам преку моите претстави, со убавите дружења и со драги луѓе.
На крај би сакал да се заблагдарам на луѓето кои го организираа театарскиот фествал во Скопје, на прекрасната публика и на продукцијата “Златен заб” кои се и ќе бидат моите продуценти и менаџери за Македонија.
Вива Македонија, прекрасни сте, мили, драги, ве сакам, љубам и се гледаме наскоро со некоја нова претстава. Секое добро!
Интервјуто за denesmagzin.mk го подготви Соња Ајановска Деловска