Членови на ВМРО-ДПМНЕ побараа оставка на Мицкоски

Сподели

 

Група актуелни и поранешни високи партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ денеска побара оставка од претседателот на партијата Христијан Мицкоски, посочувајќи го како најодговорен за изгубените избори и го потсети на ветувањето дека ако ги изгуби изборите и ако не состави влада ќе се повлече од функцијата.

“ВМРО ДПМНЕ со Христијан Мицкоски како претседтел за кандидат на овие избори излезе со програма и кандидати за пратеници кои не успеја  да обезбедат поддршка од граѓаните. Кадрите на Мицкоски и во техничката влада не успеаја да се наметнат како лица кои на граѓаните ќе и покажат нов и различен начин на водење на институциите  и ќе одговорат на предизвиците со кои беа соочени. Вината повторно може да се префрла, но вистината е една, вистината е дека најдоговорен е тој што го состави тимот, а тоа е господинот претседател Христијан Мицкоски” – изјави Весна Дамчевска-Илиевска, членка на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

-“Виновен е тој што не ги искористи капацитетите на партијата  и форсираше поделби наместо да  ги обедини силите. Виновен е тој што не успеа да изгради и да заземе цврст став  по ниту едно прашање. Одговорност за  неуспесите мора да има. Кога еден тим губи не може да биде одговорна публиката на играчите кои биле оставени на клупа или домарот кој се грижи за соблекувалните. Одговорен е тој што го води тимот,  а тимот на ВМРО-ДПМНЕ го водеше господинот Хрисијан Мицковски, претседателот и неговите најблиски соработници”, рече Дамчевска Илиевска.