Исланд го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Сподели

 

Парламентот на Исланд го ратификуваше Протоколот на Македонија за членство во НАТО.

“Првите честитки за 26. ратификација на Протоколот за членство во НАТО, во парламентот на Исланд, ги добив во Брисел, на состаноците на Северноатлантскиот совет. Благодарам за доследноста. Денеска имав успешни средби и со грчкиот колега, Никос Панагиотопулос, со министерот за одбрана на Естонија, Јури Луик, и со помошник генералниот секретар Патрик Тарнер. Членството во НАТО станува реалност”  – напиша на својот фб профил министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Останаа уште три земји членки (Франција, Холандија и Шпанија) да го ратификуваат Протоколот за членство во НАТО.