Истече мандатот на градоначалниците

Сподели

На полноќ истече мандатот на градоначалниците, кои од денеска ќе одат на работа, но ќе немаат право на потпис на документи, затоа што нивниот статус правно не е дефиниран.

Партиите вчера во Собранието начелно се договорија локалните избори да се одржат на 15 -ти октомври и да се измени изборниот законик. ВМРО – ДПМНЕ не учествуваше на координацијата кај собранискиот спикер Талат Џафери, но од партијата порачаа дека договорениот датум – 15 октомври –  е прифатлив.

Од ЗЕЛС вчера, по двочасовниот состанок на управниот одбор, уште еднаш го повторија своето барање – итна промена на законот за локална самоуправа и изборниот законик, како и распишување на локалните избори.

Градоначалниците ги повикаа политичките партии да најдат решение за локалните избори и порачаа мандатот на Владата да не игра улога во мандатот на локалните власти.