Југоисточниот кратер на најактивниот европски вулкан Етна и понатаму исфрла вжештена лава и пепел, јавува Anadolu Agency (AA).
Вулканот Етна проработи минатиот месец, а во ерупциите се повредени најмалку десет лица, меѓу кои била и репортерската екипа на Би-би-си.
Потоците на вжештената вулканска лава се протегаат до 700 метри низ планината.
Националниот институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ) по ерупцијата прогласи и портокалов аларм за подрачјето на Етна и околината.
Највисокиот вулкан на Европа, Етна, достигнува надморска височина од 3.330 метри на главниот кратер, додека југоисточниот кратер е висок 2.700 метри над морско ниво. Последната голема ерупција на вулканот Етна е забележана во 1992 година.