Италија забрани влез на македонски граѓани

Сподели

 

Поради ризик од ширење на корона вирусот, Италија одлучи да го забрани влезот на македонски граѓани на нејзината територија. Во групата ризични земји од кои може да се прошири ковид-19 во Италија, влегуваат 13 земји во светот, меѓу кои се : Македонија, Босна и Херцеговина, Бразил, Перу, Чиле, Кувајт, Молдавија, Ерменија, Бахреин, Оман, Панама, Доминиканската Република и Бангладеш.

Образложението дадено од италијанската влада е дека не смее да се загрози жртвата што ја дале Италијанците кон ковид-19 во изминативе неколку месеци. Сите македонски граѓани кои ќе сакаат да влезат во Италија или било кои други странски државјани кои транзитирале низ нашата земја во последниве две недели и сакаат да влезат во Италија, ќе им биде забранет влезот.

Италијанската влада информираше дека ги суспендира сите летови, кон и од овие 13 земји. На веб-страницата на Меѓународниот аеродром Скопје се откажани летовите на „Визер“ од македонскиот главен град кон Рим, Венеција и Милано за наредниве денови.