Директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески оствари средба со Амбасадорот на Република Италија во нашата земја, Андреа Силвестри, кого го информираше за неговата скорешна посета на Генералната дирекција на архивите на Италија и на Државниот архив на Рим.
Во разговорот обострано беше изразено задоволство од потпишувањето на Договорот за соработка меѓу архивите на двете земји, што се случи по 20 години, на 20 октомври во Рим.
Притоа, директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески на италијанскиот амбасадор, Андреа Силвестри му предаде копии од тој Договор, со важност од четири години и кој, меѓу другото, опфаќа и размена на експерти, истражувачи, историчари и архивисти меѓу двете земји.
