Ѓорѓе Иванов призна дека дека член на неговиот кабинет, Борис Јосифовски, бил во партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ на 27 април кога се случи насилниот упад, кога беа загрозени животите на пратеници, новинари, вработени во Собранието.
Ова признание на Иванов ги потврдува дел од сведоштвата во судскиот процес што се води за насилствата на 27 април.
Исказите на осомничените и јавно достапните информации покажуваат дека токму во луксузниот дворец, „на осмиот спрат“ во седиштето на криминалната ВМРО-ДПМНЕ се кооридинирале активности за бруталниот упад во Собранието на 27 април.
Мицкоски не повикува на одговороност туку се става во заштита на насилниците и криминалот на Никола Груевски.
Затоа Мицкоски и антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ бараат амнестија за сите организатори и извршители на насилството.
Токму затоа Мицкоски организира протести за заштита на криминалот, кадешто упатува закани кон судии и обвинители.
Затоа Мицкоски е против помирувањето, затоа ги кочи процесите кои обезбедуваат членство во НАТО и ЕУ.
На Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ треба да им биде јасно – амнестија за нарачателите и извршителите на насилството од 27 април – се вели во соопштението на СДСМ.