Ивона Талевска ја изгуби тужбата за клевета против Шилегов

Сподели

ivona_todorov

 

Главната уредничка во дневниот весник „Вечер“ и уредник во телевизијата „Сител“, Ивона Талевска, ја загуби тужбата за клевета и навреда која ја поднесе против Петре Шилегов од СДСМ за неговите прес конференции на кои го обелоденидоговорот со фирма во сопственост на мајката на Талевска со министерството за здравство во вредност од милион евра за набавка на медицинска опрема, објави Нова Тв.

Судијата Нухи Рустеми во својата пресуда донесена на 2 јуни, а објавена денеска, се осврнал и на изјавата на министерот за здравство Никола Тодоров со која тој во Собранието за договорот со фирмата „Визарис“ во сопственост на мајката на Талевска изјави дека е неетичка.

,Исто така во јавноста кажав дека лично сметам дека имаме една неетичка ситуација во овој случај. Од сите овие причини јас овој договор веќе и го раскинав…Да.Го раскинав меѓу другото поради една од причините која е нарушување на начелото на совесност и чесност кое е предвиденао во законот за облигациони односи..Секогаш кога ние ќе увидиме дека има определена работа… која што е спротивна на нашите морални или етеички вредности ние презимаме мерки.Тоа е мерката што ја преземавме. Го раскинавме договорорт. До тука сум веројатно целосно јасен“.

Во својата пресуда судијата Рустеми пишува:

„Судот цени дека со оваа изјава на Министерот се потврдува вистинитоста на фактите содржани во изјавите на тужениот, а со која се исклучува одговорноста на тужениот за наводната навреда и клевета. Судот е на мислење дека тужителката како јавна личност новинар и главен и одговорен уредник во дневниот весник В , поради што и истата влегува во личности од јавниот живот, чиј праг на толеранција е поголем за разлика од кај приватните лица, а тужениот како портпарол на политичка партија само презентирал на јавноста документи издадени од државни органи од кои се увидува фактичката ситуација.

Ова дотолку повеќе што презентирани се факти и видно од изнесеното и неможе да произлезе намерата ка тужениот за изнесување на понижувачко мислење ниту за изнесување на невистинити факти. Па според мислењето на овој суд на страна на тужениот не постои било каков степен на граѓанска одговорност за клевета сторена спрема тужителката од причина што од изведените докази, а особено од исказот на тужениот произлегува дека иако истит ги дал изјавите на прес конференциите , пред целата јавност а истите ги дал во својство на портпарол на политичка партија, со што и тој не постапил на било каков начин со намера да наштети на честа и угледот на тужителката.

Па како тужителката не докажа дека кај тужениот имало лоша намера да и наштетат на честа и угледот па имајќи предвид дека казаните изјави не и ја нарушиле честа и угледот на тужителката, а кое нешто и произлезе од распитот на тужителката и тужениот во својство на странки. Во поткрепа на фактот дека не само што не постои клевета ниту навреда како и повреда на личните права на тужителката на чест и углед, во случајот од изведените докази не произлегува дека на тужителката и е нанесена штета од страна на тужениот,па судот ценеше да тужбеното барање да го одбие како неосновано.“

Судијата ја задолжи Ивона Талевска да му исплати судски трошоци на Шилегов во износ од  55.838,00 денари.

Ивона Талевска ја изгуби тужбата за клевета против Шилегов