Помалите партии се во фаза на разговори за настапување на изборите како трет блок политички партии, кои главно се десничарски ориентирани, пренесува 24 Вести.
Иако се уште не се потврдува, неофицијално се вели дека во разговори за заеднички настап на претстојните избори се, ВМРО-Народна партија на Љубчо Георгиевски,Обединети за Македонија на Љубе Бошковски, Достоинство на Стојанче Ангелов, како и Коалицијата за промени и правда, во која членува ФРОДЕМ, ДЕМОС, МОРО – Работничка партија и Демократскиот сојуз. Дека постојат средби и разговори на оваа тема и со други помали партии за нивно приклучување- потврди Павле Трајанов.
„Ќе биде еден силен политички блок, кој во основа ќе настојува да ги промени системските работи во Република Македонија за одговорноста да биде на прв степен“-изјави Павле Трајанов од Демократски сојуз
Иако имаат заеднички цели, Трајанов ја исклучува можноста за коалицирање со СДСМ.
„Актуелната власт треба да биде поразена на фер демократски кредибилни избори, тоа е таа определба и тука имаме заеденички точки со другите политички партии, вклучително со СДСМ, но наша определба е да настапиме заедно со политички партии со кои ја сочинуваме коалицијата за промени и правда“-додаде Трајанов