“Живеам за тој ден кога навистина целосно ќе биде расветлен случајот за смртта на мојот брат. За болката не сакам да зборувам бидејќи секој кој изгубил близок знае за празнината, маката и патењето. Пет години јас и моето семејство го преживуваме секојдневно она што му се случи на мојот брат.Болката е преголема, загубата ненадоместлива. Ме одржува мислата дека еден ден се ќе биде откриено, разолбличена секоја интрига и лага и обид за манипулација да се скрие брутално убиство.