-“И покрај тоа што од општинската изборна комисија и претставниците од избирачкиот одбор потврдија дека станува збор за жена која двапати се обидела да го искористи правото на глас, ДИК донесе скандалозна, погрешна одлука да се изврши графолошко вештачење. Ваква одлука е незапаметена во македонската историја и во македонското изборно законодавство. Апелираме ДИК и нејзините членови да ја коригираат оваа погрешна одлука и да не дозволат ДИК да работи спротивно на законските прописи.”