Советот на општина Гостивар со 31 глас „за“ и ниту еден против денеска го изгласа буџетот на општина Гостивар за 2023 година.
Во текот на 2022 година, реализацијата на Буџетот на општина Гостивар е 96,5%, додека за 2023 година буџетот на општина Гостивар изнесува 1.257.300.000 денари.
Буџетот е составен во соработка со граѓани, невладини организации, соработници и јавни претпријатија на општина Гостивар, а планирани се инвестиции во училишта 8.000.000, заштита на животната средина 6.000.000, социјална заштита 800.000 и уште 600.000 за родова еднаквост, култура 1,000.000, субвенции и трансфери 3.500.000 како и за капитални инвестиции во инфраструктура 120.000.000 и многу, многу други проекти за доброто на граѓаните.
Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари при разнасувањето на буџетот рече дека рационализацијата на градоначалничките трошоци продолжила низ годините, при што од 2017 година, кои биле 15.150.000, годинава се планирани 8.230.000 или 45,6 отсто, од кои 10% одат за социјални надоместоци за социјално загрозени категории.