Делата од 35-та колонија СВ. ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ ќе биде изложена во НУЦК ” Бели мугри ” – Кочани на 17.03.2022 година со почеток во 18.30 часот.
Петти септември 1987 година означува нова страница во културната историја на манастирот Св.Јоаким Осоговски и на Крива Паланка.Тогаш идејата за содржинско осмислување на ревитализацијата на манастирските конаци се оствари преку основањето на Ликовната колонија Свети Јоаким Осоговски,според идејата на големиот македонски сликар и прв декан на нашата Ликовна академија.
Овој чин во пракса значеше возобновување на скоро десетвековната традиција на манастирот како духовен,културно-просветен центар.Со одлука на Митрополитот Кирил ,колонијата беше основана.
За кратко време колонијата заедно со Струмичката и Прилепската стана една од најпрепознатливите ликовни работилници во нашата земја чие основно мото е да ја негува слободата на духот и ликовното творештво.За 36 години од постоењето во нејзината работа учествувале над 350 ликовни творци од сите континенти кои оставиле впечатливи и уникатни дела во манастирската збирка кои го носат печатот и особеностите на културата на земјите од кои доаѓаат уметниците.Делата од колонијата се изложени во манастирот со постојана поставка ,низ институциите во градот а се подарени слики на републичките институции и Музејот за современа уметност во Скопје.Ова не е прво излагање во Кочани.Колонијата неколку пате се има претставено пред љубителите на уметноста во Кочани.Тој континуитет го прекина пандемијата.Еве денес со оваа изложба се продолжува таа соработка помеѓу двата града во подосоговието Кочани и Крива Паланка,оддалечени само 30-тина километри воздушна линија.
35-та колонија од која денес се излагаат двасетина дела-слики и неколку скулптури ситна пластика,се создадени во тешки пандемски услови и строги протоколи со ентузијазмот на 9 ликовни творци и еден скулптор,од кои седум домашни автори и двајца од странство,еден од Украина и еден од Србија.Делата се работени во различни сликарски техники во духот на современите тенденции во слиарството.Ова е трета презентација на делата ,по Крива Паланка и Штип со што во овие услови Колонијата на скромен начин го одбележува својот 35 годишен јубилеј.
Колонијата во континуитет допринесува за развој на културниот туризам во манастирот и општината.