Изложба на фотографии и документи за Гоце Делчев во Државниот архив

Сподели

 

По повод 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, Државниот архив на 4 февруари приредува изложба, на која ќе бидат претставени архивски документи и фотографии, што го прикажуваат ликот и делото на Делчев од повеќе аспекти, а најмногу како идеолог и организатор на македонското национално-ослободително движење од крајот на 19-от и почетокот на 20-от век.

Изложбата, чиј што покровител е претседателот, Стево Пендаровски и која што ќе биде во Музејот на македонската борба, содржи и оригинални писма што ги пишувал Гоце Делчев, како и материјали поврзани со него што ги оставиле неговите потомци во Државниот архив.

 

 

“Оваа изложба е дел од годинашното чествување на ликот и делото на Гоце Делчев, апостол на македонското ослободително движење и на борбата за независна држава, кога Државниот архив, како чувар на меморијата за минатото и за културно-историското наследство, планира да организира и други настани поврзани со овој јубилеј” – изјави директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески.