Изложба на уметнички дела на ликовна колонија „Вевчански видувања“ 2018

Сподели

Во организација на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански Видувања, како и на Компанијата „ВИА“ од Вевчани, вечерва во НЛБ Галерија во Скопје, свечено ќе биде отворена Изложбата на уметнички дела на Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“ 2018.

Мозаик од бои“ е насловот на Каталогот кој оваа колонија го изготвува традиционално пред  изложбата во Скопје –  дела кои беа насликани на овогодинешната Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“ 2018, како и информации за уметниците. Истиот се издава намакедонски и англиски јазик.

 Инспирацијата за творење во Вевчании оформување на своите врвни уметнички дела таму ја најдоа уметниците, Ацо Станкоски, Ефтим Ристов, Никола Пијанманов, Ставре Димитров Стадим, Ниче Василев, Станко Георѓиески, Доне Милјаноски, Живко Попоски Цветин, Дамјан Затуроски, Цветанка Јованова и Петар Попчев од Република Македонија, како и уметницитеДрагана Кнежевиќ (Србија), Светислав Савковиќ (Србија), Хо Ми Ан (Франција), Герард Гален (Франција), Златка Пентова (Бугарија), Анже Скалжунски (Полска), Јелена Савиќ (Србија), Бојан Савиќ (Србија), Јенс Линдвквист (Шведска), Осијан Теселиус (Шведска), Маркус Јохансон (Шведска), Петар Белишки (Бугарија) и Јуре Самец (Словенија).

 Девета година, на крајот намесецот јуни, во реномираниот ресторан „Виа Игнација“, во Вевчани, се организира Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“. На оваа реномирана културно-уметничка манифестација имаат земено учество над 300 еминентни ликовни уметници од Република Македонија и од странство. Делата на оваа колонија до сега беа изложувани во светските уметнички центри како -Подгорица- Црна Гора, Софија- Бугарија, Њујорк- САД, Москва- Русија и Париз-Франција.