Изложба “Од староградските влашки одаи”

Сподели

 

Изложбата “Од староградските влашки одаи” од 2003 година, во авторство на Виолета Ѓорѓеска, претставува сведоштво за првичните чекори од еден процес во којшто, преку обидот да се скицираат одделни аспекти на модерната и современата култура на Власите од Македонија, се зацврстува и подлогата за појасното и порешителното исцртување на културниот амбиент на македонската сегашност.
 
 
 
 
 
Во најстарите балкански словенски јазични редакции, под помиот Власи се подведуваат сточарите и, воопшто сточарските заедници, без оглед на нивните културни или етнички белези и посебности.
 
 
 
 
 
Изложбата претставува обид за првично соочување со сведоштвата коишто ги нудат предметите сврзани со еден специфичен дел од семејното секојдневие на Власите во Македонија.
 
 
 
 
Тоа се едновремено и ракотворби и артефакти на палео-индустриската ера: парчиња мебел, ѕидни часовници и огледала, икони, уметнички слики, графички прилози и карти, документи, фотографии од семејни албуми и сл.
 
 
 
 
За изложбата е публикуван и каталог кој може да се погледне на следниов линк