Изложба „Раселени“ на Тања Балаќ

Сподели

 

Во Музејот на Република Северна Македонија утревечер (5 септмври) во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложба „Раселени“ на уметницата Тања Балаќ.

Изложбата, која ќе ја отвори историчарот на уметноста и ликовен критичар Кирил Пенушлиски, содржи дела создадени во периодот 2020 – 2023 година.

Последната изложба „Раселени“ е своевидно надополнување на претходниот циклус, суптилно претставување во новите дела. Авторката уште еднаш се занимава со темите за бегалската и за мигрантската криза, осврнувајќи се на ксенофобичната реторика присутна во многу големи (мејнстрим) медиуми. Во обидот да се создаде сеопфатна слика за овој глобален проблем, таа отвора многу прашања, но истовремено ја повикува јавноста на заедничка потрага по можното решение.

Изложбата ќе биде отворена до 15 септември.