Денеска, во период од 14 до 17 часот, поради најавениот протест и блокада на крстосницата на булевар „Александар Македонски“ со улица „Интернационални бригади“, возилата од линиите кои сообраќаат во посочениот реон ќе бидат пренасочени, соопштуваат од ЈСП.
По изменета траса од вообичаената ќе возат:
Линија 2 во правец од Сарај кон Автокоманда ќе биде скратена до кружниот тек кај „Континентал“, а по истиот режим возилата ќе сообраќаат и во обратна насока.
Линиите 2А и 16 во правец од Сарај и Пржино, од Бит пазар ќе продолжуваат кон Чаир и по улица „Ферид Бајрам“ кон Железара до кружниот тек кај стадионот на Металург.
Во правец кон Сарај и Пржино, возилата ќе возат по истата траса, од постојката кај стадионот на Металург.
Линиите 13 и 42 во правец од Кисела Вода и Драчево од подвозникот кај кланица, ќе вртат лево кон Пивара, па од кај ЈСП до постојката кај Алкалоид.
Во правец кон Кисела Вода и Драчево, возилата ќе тргнуваат од кај Алкалоид.
Линиите 43 и 50 од Дом на печат и Клинички центар, после Работнички дом ќе возат по улица „Кеј 13 Ноември“ кон населба Јане Сандански, па по булеварите „Србија“ и „Киро Глигоров“ преку надвозникот во Автокоманда до крајните станици.
Во обратна насока, од улица „Јужноморавски бригади“ и Хиподром, преку надвозникот во Автокоманда, булеварите „Србија“, „Киро Глигоров“ и „Јане Сандански“ кон НБРСМ, па кон МАНУ, односно МНТ ќе продолжуваат по редовните траси.
Линиите 45, 52, 53, 54, 55, 55А, 55В, 62, 63, 65, 65Б, 66, 66А и 68 од Автокоманда Макпетрол ќе продолжуваат по надвозникот, преку булеварите „Киро Глигоров“, „Србија“ и „Јане Сандански“ до крајните постојки на Транспортен центар.
Посожениот режим ќе важи и во обратна насока на сообраќање.