Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните, дека согласно известувањето од грчките гранични служби од Граничниот премин „Евзони“, има измени во протоколот за влез во Грција и од 19.јуни, од 06.00 часот на ГП Евзони, освен со ПЦР тест не постар од 72 часа, Сертификат за примена вакцина (со поминати 14 дена од втора доза) и доказ за прележан Ковид-19 (од 2 до 9 месеци), влез на наши државјани се дозволува и со негативен брз тест за Ковид-19 не постар од 48 часа.
Деца до 12-годишна возраст нема потреба да имаат негативен тест, а постари од 12 години треба да поседуваат брз или PCR тест. Електронската најава на сајтот www.travel.gov.gr за прибавување на ПЛФ документ е задолжителна.
Како и досега, на ГП Евзони Грција нема да се дозволува влез од 22.00 часот до 06.00 часот по македонско време.