Специјалната обвинителка, Катица Јанева го одби барањето на адвокатот во случајот „Титаник 3“, Еленко Миланов, за изземање на обвинителите Гаврил Бубевски и Фатиме Фетаи од случајот.
Писмената одлука на Катица Јанева е пратена до скопскиот Кривичен суд.
Денеска Миланов, барањето за изземање го образложи дека е поради конфронтација меѓу обвинителката Јанева и обвинителите Фетаи и Бубевски. Одбраната бараше и изземање на Јанева, но судијката Марија Клетничка го одби.