Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ја напушти седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и рече дека тоа што ѝ се прави е класичен мобинг и најави дека повеќе нема да се врати, освен на пленарна седница. Таа си замина, откако кон неа со навреди се нафрли пратеничката Владанка Авировиќ.
– Ве известувам дека ова е последно што ќе дојдам. Веќе не доаѓам и сега ќе си одам – рече Јанева, по што стана и ја напушти просторијата.
Моментално комисијата е на пауза и по еден час ќе продолжи со работа. Не се знае дали пратениците ќе продолжат со расправата за извештајот на СЈО или за извештајот на работата на републичкиот обвинител Марко Зврлевски.