Јован Стојоски од атлетичарите ќе не претставува на ЛОИ во Токио, потврдија од Македонскиот Олимпски Комитет.
Селекцијата е направена согласно критериумите за пријава на спортисти кои се без остварена норма. Светската атлетска федерација наведува дека треба да се испрати најдобриот рангиран атлетичар во дисцлиплината во која што настапува.
Во моментов, според овие пропозиции на Светската атлетска федерација, тоа е Јован Стојоски, кој воедно има и најдобар резултат според IAAF таблица на отворено, во олимписка дисциплина.
Со неговиот резултат од 46,82 на 400 метри тој успеа да го обезбеди својот пласман за Олимпијадата во Токио. Овој резултат може да биде само тригер за да постигне уште побрзо време, со оглед на фактот што Јован ги покажа своите перформанси како врвен атлетичар и на Европско и на Светско, а се разбира и на Балканијадите.