Агенцијата за млади и спорт го најави одржувањето на најголемиот Македонски интернационален турнир во борење “Македонски бисер”.
Јубилеен 40 по ред турнирот ќе одбележи уште два други јубилеја, 55 години од постоење на Македонското борење и 20 години од победата на Интернационалниот боречки куп за “Бучим Јака”.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески потенцираше дека традицијата продолжува благодарение на вредните спортски работници од Боречката федерација, а Агенцијата е и ќе биде секогаш тука за сите спортски федерации и случувања поврзани со спортот.
Така од буџетот на државата се издвоени 600.000 денари за овој настан.
“Борењето е најтрофејниот спорт во република Македонија, и иако во изминативе години изостанаа големи резултати, интересот кај младите за борење е зголемен и наше мислење е дека борењето ќе се врати на македонската сцена на голема врата”, истакна Спасески.
За деталите околу организацијата и учесниците зборуваше Ванчо Чифлиганец претседател на федерацијата за боречки спортови, кој потенцираше дека оваа година Македонскиот бисер ќе биде најмасовен и со најголем број на странски држави и звучни имиња од боречкиот спорт.
Најавено е учество на 14 држави со борачи победници на Европски и Светски првенства и учесници на Олимписки игри што ќе го направи овој турнир незванично “Европско прванство во мало”.
Стартот на турнирот е закажан за сабота во 10.00 часот во малата сала при СЦ Борис Трајковски, додека финалните борби ќе бидат во попладневните и вечерните часови.
The post Јубилеен 40-ти боречки турнир „Македонски бисер“ овој викенд во СЦБТ! appeared first on Спорти.
Source: Sporty