Јубилејна АЛКАЛОИД изложба во Музејот на град Скопје

Сподели

 

Научно-истражувачката дејност и контролата на квалитетот во „Алкалоид“ се постулати на кои отсекогаш им се посветувало големо внимание.
 
 
 
 
Под водство на Трајче Мукаетов, во 1974 година, бил основан Електронскиот центар на „Алкалоид“, кој бил прогласен за водечки компјутерски центар во Македонија.
 
 
 
 
Триесет години подоцна, во 2007 година, пуштен е во употреба новиот информатички систем mySAP ERP (Enterprise Resource Planning), брендиран под името AlkaSAP.
 
 
 
 
Со тоа „Алкалоид“ станува единствената компанија во Македонија која го воведува системот САП како свое матично решение.
 
Процесот на комплетирање на информатичко-технолошката екипираност во рамките на компанијата е заокружен во 2010 година со пуштањето во употреба на Центарот за информатичка технологија „Трајче Мукаетов“.
 
 
 
 
Во 1966 година, како посебен сегмент во Алкалоид, е формиран Институтот за истражување и развој, формиран за целите на севкупната развојно-технолошка програма на компанијата. Денес Институтот располага со 1.540 квадратни метри корисна површина, а опремен е со најсовремена лабораториска и пилот-производствена опрема.
 
 
 
 
Вработените сега, повеќе од кога било, се подготвени да ги следат и да ги применат најновите научни сознанија и да развиваат врвни производи со неприкосновен квалитет.
 
 
 
 
 
Посетете ја јубилејната ретроспективна изложба во Музејот на град Скопје, отворена до 12 октомври.