Јункер нема да поднесе оставка во случај на Брексит

Сподели

shinas

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, денеска соопшти дека не планира да си поднесе оставка доколку Британците на утрешниот референдум одлучат да ја напуштат Европската Унија.

– Тоа е проблем на британскиот народ – рече портпаролот на Јункер, Маргаритис Схинас, додавајќи дека Јункер не се ангажирал во кампањата бидејќи комисијата не била и не е дел од кампањата во Британија.

Јункер претходно ги предупреди Британците дека со излегувањето од ЕУ ќе си нанесат штета себеси, но и ќе го загрозат европскиот проект.

Јункер нема да поднесе оставка во случај на Брексит