Кадровски промени во СДСМ: Разрешени потпретседателите и генералниот секретар на СДСМ

Сподели

 

На вечерашниот Централен одбор претседателот на СДСМ, Зоран Заев побарал оставка од сите шест потпретседатели на партијата: Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски, Фросина Ташевска-Ременски, Петре Шилегов, Мухамед Зeќкири и Благој Бочварски, како и од генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски.

На местото на Кирацовски ќе биде министерот за земјоделие Љупчо Николовски.

Претходно, беа разрешени 78 претседатели на опшитнски организации на партијата.

Овие промени се сметаат до сега за најголеми откако постои партијата.

“Вечерва СДСМ донесе одлуки кои ќе донесат забрзување на напредокот на земјата и подобри услови во општеството за подобар живот на сите наши граѓани”, изјави Заев од пред седиштето на партијата.

Заев јавно им се заблагодари на сите функционери кои денеска престанаа да ја извршуваат својата функција во СДСМ, им се заблагодари и на тројцата секретари во партијата.

-Им благодарам на Оливер Спасовски, Фросина Ременски, Дамјан Манчевски, Петре Шилегов, Мухамед Зекири и Благојче Бочварски кажа Заев. Тој им се заблагодари и на сите во извршниот одбор кој престанува да ја извршува оваа функција и на координаторот на форумот на жени Цветанка Ласкова.

-“Тргнавме од сопствените редови, знаете дека пред неколку дена донесов одлука и за разрешување на сите претседатели на општинските организации и не е точно дека само тие се виновни за неочекуваните резултати кои ни ја донесоа победата но и ја испратија пораката дека нешто мора да менуваме”-рече Заев.

Лидерот на владеачката партија истакна и дека во моментов со партијата ќе раководат претседателот на партијата, заменикот и новиот генерален секретар.

Заев потенцираше дека во следните денови ќе следи избор на новите органи и тела на партијата.