Граѓанското движење „Ајде Македонија“ одржува предавање на тема „Како до Македонија без отпад“, во вторник (22 ноември), од 18 часот во просториите на организацијата.
На предавањето учесниците ќе слушнат повеќе за потенцијалните решенија на проблемите со отпадот, дополнителни информации за видовите на отпад, справувањето со него, но и пошироки познавања, бидејќи отпадот е поврзан со сите медиуми на животната средина (вода, воздух, почва), како и со социолошкиот проблем на потрошувачкото општество.
Воедно, ќе се зборува и за концептите рециклирај, редуцирај, реупотреби (recycle, reduce, reuse/upcycle).
„Најдобро справениот отпад е оној кој не е воошто создаден. Ќе се запознаеме со тоа како може да го намалиме создавањето на отпадот, но кога веќе сме го создале, како можеме да го употребиме за сосема друга практична намена“, пишува на поканата за настанот.
Предавач ќе биде Блаже Јосифовски од „Ајде Македонија“. Предавањето е поддржано од Civica Mobilitas, а партнери се Осигурување Македонија и Ekonelektron.