Во големото НБА финале ќе се сретнат екипите на Голден Стејт Вориорс и Кливленд Кавалирс, што ќе биде реприза од минатогодишното.
Вориорси лани победија со 4:2, а дел од тимот на Кавси во тоа финале беше Андерсон Варежао, кој оваа сезона исто така ја почна во дресот на Кливленд, од кој по повеќе од една деценија си замина кога беше прогласен за вишок од менаџментот.
Вориорси бргу го ангажираа Бразилецот и со него во тимот се вратија во финалето во кое тој ќе се сретне со своите доскорешни соиграчи.
,,Мина толку години во Кливленд и мислам дека ова би било слатка одмазда за него. Ние му кажавме дека што и да се случи му следува прстен, на што тој ни одговори дека сака титулата да ја освои со нас, со Голден Стејт“ – изјави Ливингстон.
Доколку самиот тоа го побара, Варежао може да добие прстен и од Кливленд во случај Кавси да станат шампиони.
Тој одигра доволен број на натпревари оваа сезона за да се стекне со тоа право, а Кавси се подготвени да одговорат позитивно на таквото барање ставајќи го центарот во позиција да биде шампион без разлика на тоа која екипа ќе ја освои титулата.
„Никогаш не ни сонував дека вакво нешто може да се случи. Сигурен сум дека ќе ме преплават емоции кога финалето ќе се пресели во Кливленд и таму ќе играм против Кавси.
,,Никогаш не верував дека Кавси ќе ме трампаат, но и тоа е дел од овој спорт. Го разбирам тоа и сега сум целосно фокусиран на освојувањето на титулата со мојот нов тим“ – вели Бразилецот.
НБА финалето започнува вечерва во Оукленд.
The post Каква среќа за бразилецот Варежао, стана НБА шампион а финалето не е почнато! appeared first on Спорти.
Source: Sporty