Камерон: Нема контрола за мигрантите ако излеземе од ЕУ

Сподели

15191434513_3939a95277_z

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека контролата на мигрантската криза е можна само доколку Велика Британија остане во Европската Унија.

Како што рече тој, целосно лудо е да се помисли дека контролата е можна со гласањето за напуштање на Унијата.

Камерон додаде дека неговата идеја за смалување на бројот на мигранти на помалку од 100.000 може да се спроведе и со останување во блокот.

Во телевизиското обраќање, премиерот изјави дека напуштањето на заедничкиот пазар би ја скршило британската економија.

– Излегувањето од ЕУ би бил чин на економско самоповредување – рече Камерон.

Камерон: Нема контрола за мигрантите ако излеземе од ЕУ