КАНАБИСОТ ВО АПТЕКИТЕ

Сподели

kanabis

Агенцијата за лекови и медицински средства издаде две одобренија за увоз на суровина од која ќе се произведуваат препарати на база на канабис. Се очекува деновиве тие да пристигнат во земјата.

“По проверка на исполнетоста на условите и стандардите, следи стекнување на лиценца за производство. Доколку целата процедура биде во ред, очекуваме првите проверени и контролирани производи од канабис да се најдат во аптеките до крајот на овој месец “–соопшти министерот за здравство Никола Тодоров.