Емил Павлов испиша историја на Светското првенство во Дубаи откако се пласираше во финалето во категоријата до 67 килограми, каде за противник ќе го има Стивен да Коста од Франција. Павлов во полуфиналето славеше над Унгарецот Мартијал Ивес Тадиси поради прв освоен поен бидејќи борбата заврши 3-3.
Претходно на патот до финалето тој беше подобар од Словакот, Матеј Хомола, Садтидин Сајматов од Узбекистан, Абдала Хамад од Јордан и Али Елсави од Египет.
За Павлов ова е прв настап во категоријата до 67 килограми, откако претходно беше трикратен европски шампион во категоријата до 60 килограми.
Ова е најголем успех во историјата на македонското карате и ќе биде вкупно втор медал откако претходно со одличје од светските смотри се закити само Жарко Арсовски.