По локалните избори во Турција, закажани за 31 мај, музејот Аја Софија која што се наоѓа во Истанбул, може да биде претворена во џамија, изави турскиот претседател, Реџет Таип Ердоган.
– Не е невозможно, многу e возможно. Можеме дури и да смениме повеќе да не е музеј, туку џамија. Туристите доаѓаат и бесплатно ги посетуваат џамиите на султанот Ахмет, Сулејман, Фатих џамија, така што тие би можеле да ја посетат и Света Софија. Ќе го изгуби статусот на музејот, кој секако беше последователно доделен – рече Ердоган.
По оваа изјава на Ердоган, шефот на грчката дипломатија Јоргос Катругалос пренамената на Аја Софија во џамија, оцени како навреда не само за христијаните туку и на меѓународната заедница.
-Секој спор за овој статус не е само навреда за христијанските чувства, туку и навреда на меѓународната заедница и меѓународното право. Сакаме да се надеваме дека исправните изјави на турското раководство од 16 март ќе се применат и нема да има промена на нејзиниот статус, посочи Картугалос.
Според Катругалос, Аја Софија со векови била најголема христијанска црква и оти е на списокот на УНЕСКО како светско културно наследство.