Севиља испиша нова историја во Лигата на Европа, по трет пат по ред стигна до титулата во второто по ранг европско клубско натпреварување.
Тие во своето 5-то финале стигнаа до 5-та победа, а вечерва во Базел со пресврт го победија Ливерпул на Јирген Клоп со 3-1, откако на полувреме имаа негатива од 1-0.
Како награда за тоа шпанскиот состав во следната сезона ќе настапува во Лигата на шампионите, додека Ливерпул остана без Европа, следната сезона откако не избори пласман во двете евро купови.
Ливерпул први стигнаа до водство од 1-0 со ремек делото на Стариџ во 35 минута од средбата и со тој резултат се замина на одмор.
Севиља по само 19 секунди игра во второто полувреме стигна до израмнување на 1-1 преку Гамеиро кој 0ја искористи заспаноста во одбраната на Ливерпул и успеа да го најде патот до мрежата на Мињоле.
Шокот на стартот на вториот дел го поремети Ливерпул, кој беше непрепознатлив, а за целосен пресврт се погрижи Коке со двата гола во 64. минута и 71. минута, овој вториот од офсајд ситуација, но и покрај протестот на фудбалерите на Ливерпул, беше признат, со што тука беше крајот на надежите на четата на Јирген Клоп за трофејот.
Ваков подвиг никој не направил досега, тренерот Унаи Емери со три освоени трофеи стана најтрофеен тренер во Лигата на Европа, а Јирген Клоп во првата сезона на клупата на Ливерпул не успеа да го освои првиот трофеј.
Хозе Антонио Рејес стана првиот играч во историјата со 5 освоени трофеи во Купот на Уефа/Лига Европа (3 со Севиља, 2 со Атлетико Мадрид).
Ливерпул последниот трофеј во Лига Европа го освои во далечната 2001 година.
Трет пат по ред во еден европски Супер Куп ќе играат две шпански екипи, затоа што во финалето на ЛШ играат мадридските тимови Атлетико и Реал.
Инсерти од мечот…
The post Kец во два на Севиља против Ливерпул во финалето на ЛЕ во Базел! appeared first on Спорти.
Source: Sporty