Колева: Буџетот за 2023 обезбедува повисоки плати и пензии

Сподели

 

Денеска во собраниска процедура влегува Буџетот за 2023 година.

Буџетот за 2023 година е во насока на надминување на предизвиците од глобалната економска и енергетска криза, за што се предвидени 250 милиони евра.

75 милијарди денари или 10% повеќе се зголемуваат средствата за исплата на пензии, додека 12,5 милијарди денари се предвидени за исплата на надоместоци за социјална заштита на најранливите категории граѓани.

Обезбедени се дополнителни средства за усогласување на платите со минималната плата во текот на следната година, согласно новата методологија. Тоа значи дека веќе во март следната година ќе имаме ново зголемување на минималната плата и ново покачување на пензиите.

Повикуваме, сите пратеници низ конструктивна и аргументирана дебата да го поддржат Буџетот за 2023 година кој е во интерес на граѓаните и македонската економија.