Граѓанската “Шарена револуција” многумина ја доживуваат како “македонска демократска пролет”, со која ќе пристигне украдената слобода и правда. Но, за дпмне-овските контра-протестанти и нивните медиумски “трубаши”, станува збор за “контра-револуција” увезена од странство, преку која што наводно “црната” меѓународна заедница сака да ги сруши темелите на “груевистичката преродба”.
На ваквите обвинувања, Здружението “Протестирам” одговори со транскрипт: Контрачетници и криминалци од сите сорти обединете се!
(фотографија Р.Атанасовски)