Концерт на Мухамед Ибрахими во Филхармонија, 27 февруари
Мухамед Ибрахими е композитор и мултиинструменталист на жичани инструменти од Скопје. Неговиот деби албум „Fly” излезе во јануари 2014. Тој својата гитара (мандолина, саз итн.) ја третира на многу неконвенционален начин, доста интуитивен и инспиративен.
Неговите композиции се автентична мешавина на повеќе музички стилови, како блуз, рок или амбиентален, но длабоко вкоренети во ориенталната (суфи) традиција и албанскиот (балканскиот) фолклор. Овие храбри и елегантни комбинации честопати даваат неочекувани резултати среде уникатен и прекрасен звучен пејзаж. Исклучително импресивно за гледање/слушање во живо.
На концертот заедно со Мухамед ќе настапат: Ратко Даутовски, Фјола Исмаили, Џоле Максимовски, Никола Стојмановиќ.
Концертот ќе се одржи во малата сала на Македонска Филхармонија.
Билетите се по цена од 700,00 денари
Билетите се по цена од 700,00 денари